Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Рафаел Надал загуби сет, но успешно стартуваше на Австралија опен, Кирјос се откажа поради повреда

Рафаел Надал загуби сет, но успешно стартуваше на Австралија опен, Кирјос се откажа поради повреда
Dik 300x250 mk

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Австралија опен откако го победи Британецот Џек Дрејпер со 3:1, по сетови 7:5, 2:6, 6:4, 6:1.

dobivaj vesti na viber

Вториот носител се мачеше во првиот сет, но успеа да направи брејк во 12. гем и да го добие во своја корист.

Вториот сет започна многу лошо за Шпанецот, Дрејпер на стартот тргна со два последовни брејка за да поведе со 3:0 и лесно ја задржа оваа предност за израмнување во сетови (2:6).

Сепак, Надал во продолжението го подигна нивото на игра. Шпанецот по голема драма и серија пропуштени шанси направи брејк во четвртиот гем од третиот сет и поведе со 3:1.

Британскиот аутсајдер не се предаде, успеа да се врати на брејкот и да израмни на 4:4. Потоа Надал по вторпат му го одзеде сервисот на ривалот и дојде до водство од 2:1 во сетови.

Четвртиот сет беше најлесен за Надал. Дрејпер повеќе не можеше да се носи со подобар ривал, освои само еден гем и се прости од учеството на Австралија Опен.

Ник Кирјос нема да игра на годинашниот Австралија опен. Финалистот на Вимблдон се повлече пред мечот од првото коло поради повреда на коленото.

Магнетната резонанца покажа дека состојбата е сериозна и дека не може да игра поради болките во коленото.

„Целосно сум скршен. Ова е брутално. Нема да играм на турнирот на домашен терен. Има многу емоции. Сепак тоа е животот. Ќе се вратам посилен“, изјави Кирјос.

Кај дамите, успешни на стартот беа Ема Радукану, Петра Квитова, Јелена Остапенко и Викторија Азаренка.

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион