Утрински Весник
Свет

Путин: Модерната војна ќе биде поинаква за оние што ги вовлекуваат европските земји

Путин: Aко продолжат терористичките напади, одговорот ќе биде остар
Ss2

Само 80 години по крајот на Втората светска војна германските тенкови повторно ѝ се закануваат на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин говорејќи на настаните по повод 80-годишнината од битката кај Сталинград, пренесува „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

Путин рече дека битката кај Сталинград е клучна не само за градот туку и за исходот на Втората светска војна.

Ss1

„Битката за Сталинград со право влезе во историјата како фундаментална пресвртница во Големата патриотска војна“, рече Путин.

Како што истакна, битката траела 200 дена и го оставила градот во урнатини, а советската армија била помала и полошо опремена од нацистичките трупи, таа победила затоа што се борела за вистината.

„Наша морална должност, пред сè, кон војниците победници, е да го негуваме и зачуваме сеќавањето на овој подвиг во целост, да го пренесеме на следните генерации, да не дозволиме некој да ја омаловажува или искривува улогата на битката за Сталинград во победата над нацизмот, во ослободувањето на целиот свет од ова монструозно зло“, рече Путин.

Тој рече дека сега нацистичката идеологија „повторно создава директни безбедносни закани“ за Русија, која повторно се бори против „колективниот Запад“.

Путин ги предупреди „оние што ги вовлекуваат европските земји, вклучително и Германија, во нова војна со Русија“ дека „модерната војна со Русија ќе биде сосема поинаква за нив“.

Битката за Сталинград заврши на 2 февруари 1943 година со предавање на нацистичката армија. Речиси половина милион советски и 800.000 војници на Вермахт загинаа во битката.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО