Утрински Весник
Економија

Бесими не им се заканувал на вработените револтирани оти платите не им се покачени 30 проценти

Бесими не им се заканувал на вработените револтирани оти платите не им се покачени 30 проценти

Немало никакви закани за вработените во Министерството за финансии, кои одлучиле да покажат револт од непокачувањето на платата за одобрените 30 %, рече денес министерот Фатмир Бесими.

dobivaj vesti na viber

Тој објасни дека на разговор ги повикал раководителите на секторите за да ги извести за измените по седницата на Владата, но без закани.

„Влезете, прашајте кого било дали се плашат. Нема никакви закани. Јас ви кажав, таа идеја, која требаше да ја презентираме, беше од Министерството, да се зголеми платата. Тоа не беше барање на вработените, апсолутно. Притисокот беше што вработените ја напуштаат работата, си одат. Во тој поглед, тоа што де факто се случи, бидејќи јас бев на седница на Владата, ме информираа дека има таква состојба, се вратив од седница и ги викнав раководителите. Им објаснив за што се работи за да ги информираат вработените. Толку беше, нема никакви закани“, рече министерот Бесими.

Тој појасни дека парите во буџетот се наменети токму за покачување на платите и каде ќе завршат, може да одлучи само Собранието.

„Се знае како функционира буџетот. Единствен што може да каже каде одат тие пари се пратениците во Собранието, кога се гласа буџетот, се знае каде одат тие пари. Тие не се мои лични пари, не се на министер, ниту на Влада. Тие се пари на граѓаните за кои единствено Собранието дава согласност. Буџетот има сила на закон и не смее во ниту една ситуација да се прекрши и да се трошат на друго место“, рече министерот Бесими.

Правната пречка поради која не им беше покачена јануарската плата на вработените во Министерството за финансии од Владата објаснија дека се неможноста да се утврди специфичноста на работните задачи и посебната одговорност, која произлегува од работната позиција што ќе се регулира со допрецизирање на одредбата од Законот за буџетите или со самиот Закон за систем на платите во јавниот сектор, кој е во завршна фаза.

Пред пратениците допрва треба да се најде предлог-закон за изменување на Законот за буџетите, а опозицијата веќе најави дека нема да поддржи зголемување на платите, со кое се издвојуваат платите во Министерството за финансии оти повисоки плати треба да има за сите вработени.

Можете да прочитате

Паушални информации за пчеларење на социјалните мрежи, фалсификуваниот мед се уште актуелен проблем

Средба на Ангеловска-Бежоска со заменик генералниот директор на ММФ, Ли: Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард