Утрински Весник
Свет

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

Putin.webp.webp

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека украинските власти си поставиле за цел да нанесат штета на руската економија со што како што рече, „самите го ослободиле духот од ламбата“ и добиле одговор.

„Киевскиот режим самиот ја отвори Пандорината кутија. Добро, ќе добие одговор по најчувствителните сектори на економијата кои, искрено кажано, и онака веќе се на издишување“, изјави Путин за телевизијата „Вести“.

Путин ги оцени руските напади врз објекти во Украина како ефикасни и навремени, наведувајќи дека тие ги нарушуваат способностите на противникот да доставува воена техника и муниција, да ги ротира војниците и да го унапредува вооружувањето.

„Ова, се разбира, има најдиректно и најпозитивно влијание врз водењето на операциите, од аспект на постигнувањето воени резултати“, рече рускиот претседател.

Според Путин, противниците на Русија веќе подолго време настојуваат да ја „фрлат Русија на колена“, додека обидот да и биде нанесен пораз за 40 дена бил „уште едно коцкање на Киев и неговите западни послушници“.

„Секако, никаков пресврт во конфликтот со Русија не можеше да се случи и не се случи. Киевскиот режим и неговите господари не можат да стекнат никаква предност, не стекнаа и никогаш нема да стекнат“, порача Путин.

Можете да прочитате

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог

Руски напади во близина на Киев за време на посетата на Вадефул