Утрински Весник
Свет

Путин барал од олигарсите да помогнат во финансирањето на буџетот за воените трошоци

Putin 1.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин побара од водечките руски бизнисмени да донираат средства во државниот буџет за да помогнат во стабилизирањето на финансиите на земјата поради зголемените трошоци од војната во Украина, изјавија за „ Фајненшл тајмс“ извори запознаени со ситуацијата .

Според овие извори, Путин го упатил барањето вчера, за време на состанокот со група истакнати олигарси, и јасно ставил до знаење дека е решен да ја продолжи војната сè додека Русија не ја преземе контролата врз преостанатите делови од регионот Донбас кои не се под нејзина контрола.


Според изворите, рускиот претседател претходно поддржал компромисен предлог Донбас да стане демилитаризирана или специјална економска зона, но се откажал од идејата откако Украина ја отфрлила можноста за предавање на регионот.

Според извори, најмалку двајца бизнисмени изразиле подготвеност да помогнат. Олигархот Сулејман Керимов наводно понудил да придонесе со 1,1 милијарда евра, додека магнатот за метали Олег Дерипаска, исто така, се согласил да учествува.

Барањето за доброволни прилози е дел од поширокиот напор на властите да ги вклучат руските компании во финансирањето на зголемените воени трошоци. Русија го зголеми ДДВ-то од 20 на 22 проценти во јануари за да собере дополнителни средства, додека претходно воведе еднократен данок на неочекуваната добивка на големите компании.

Рускиот министер за економија Максим Решетников изјави дека властите ја разгледуваат и можноста за нов данок на неочекувани приходи доколку рубљата продолжи да слабее.

Воениот буџет на Русија се зголеми за 42 проценти минатата година на 13,1 трилиони рубли, или околу 143 милијарди евра. Во меѓувреме, борбите во регионот Донбас се забавени поради интензивното војување со беспилотни летала, што доведе до поголеми жртви меѓу руските сили.

Последната рунда мировни преговори беше заглавена во јануари поради несогласувања околу територијалните претензии.

Буџетскиот дефицит на Русија во првите два месеци од годината достигна повеќе од 90 проценти од планираното годишно ниво, додека западните санкции ја принудија Москва да продава нафта со големи попусти. Привремено зголемување на приходите беше забележано по избувнувањето на војната меѓу САД, Израел и Иран, што ги зголеми цените на нафтата.

Можете да прочитате

ЕУ се надева на пораз на Орбан

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана