Утрински Весник
Економија

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

Okta ad.webp.webp

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава, велат од компанијата.

Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.


„Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија“ соопштуваат од ОКТА.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители