Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ПСЖ подготвуваат нов договор за Меси

ПСЖ подготвуваат нов договор за Меси
300x250 opst2

Раководството на ПСЖ размислува да му понуди нов договор на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, пренесуваат француските медиуми. Во клуботбиле задоволни од настапите на искусниот напаѓач и се подготвени на еден од најдобрите светски фудбалери да му понудат двегодишен договор.

dobivaj vesti na viber

Официјални преговори меѓу двете страни се уште нема, но тие треба да почнат по Светското првенство во Катар, па не пред декември.

Меси оваа сезона одигра седум натпревари во францускиот шампионат и постигна три гола со седум асистенции.

„Светците“ се лидери во првенството со 19 освоени бода на седум меча, а следниот викенд гостуваат во Лион.

Аргентинецот дојде во Париз од Барселона во летото 2021 година и потпиша договор до крајот на сезоната 2022/23.

Во изминатите месеци се шпекулираше дека Меси би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026