Утрински Весник
Спорт

ПСЖ е подготвен за сите варијанти само да ја мине Борусија

225897 Luis Enrike Na Francuski Znam Da Kazham Samo Kje Pobedime.jpg

Во Париз вечерва (21 ч.) ќе биде промовиран првиот финалист во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите. Реванш натпреаврот од полуфиналниот двомеч ќе го одиграат ПСЖ и Борусија Дортмунд (21 ч.). По првите 90 минути одиграни во Дортмунд, германскиот бундеслигаш Борусија има минимална предност од 1:0. „Светците“ за да стигнат до своето второ финале во елитното континетално натпреварување, треба да бидат ефикасни за разлика од првиот меч. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике е убеден дека по четвртфиналниот триумф над Барселона неговиот тим вечерва ќе одигра уште еден добар и ефикасен европски натпревар. -Тоа е нашиот стил на игра, играме со топка од дефанзивците, во обид сигурно да ја донесеме до напаѓачкото трио. Исто така, напаѓачите помагаат во фазата на одбрана, имаме одличен колектив и секој го дава својот придонес. Против Барселона бевме мирни и кога резултатот не ни одеше во полза, мораме да сме подготвени за сите варијанти и против Борусија, да знаеме како да реагираме, тоа е еден од клучните аспекти пред ваквите натпревари. Некогаш мечот трае 90 минути, некогаш 120, мораме да знаеме што правиме во секој момент. Против себе имаме тежок противник, но јас верувам во мојот тим, изјави Енрике. Шпанските стратег Енрике очекува вечерва на „Паркот на принцовите“ да блесне Килијан Мбапе. -Секој натпревар е различен, секој противник го брани различно просторот, особено против играчи како Килијан Мбапе. Јас не сакам моите напаѓачи да ја бараат топката на средината од теренот, напротив, сакам Мбапе да ја добие топкта онаму каде што е најопасен, каде што може со еден потег да го реши натпреварот. Јасно е дека противниците нема да го остават сам на десет метри од нивниот гол, ќе сакаат што повеќе да го оддалечат од шеснаесетникот, наше е да создадеме ситуации во кои Мбапе во добра позиција ќе ја има топката во свој посед, истакна стратегот на ПСЖ. Утревечер (21 ч) во вториот реванш полуфинален натпреавр ќе играат Реал Мадрид и Баерн Минхен (2:2).

Можете да прочитате

Чави: Никогаш не е лесно да го напуштиш клубот на својот живот

(Видео) Тепачка меѓу навивачи на Панатинаикос и Фенербахче во Берлин пред полуфиналната пресметка од Евролигата

Ново разочарување од Ѓоковиќ пристигна од турнирот во Женева