Утрински Весник
Економија

Просечната плата во Македонија наспроти оние во регионот

Evra Pari.webp.webp

Последните години просечната исплатена нето плата во Македонија бележи континуиран раст, но дали таквиот раст е доволен да се стигнат земјите прво од регионот, а потоа и од ЕУ?

Според последните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата изнесува околу 41.000 денари, односно околу 668 евра.

Со тоа, Македонија е на дното во споредба со соседните држави како Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, БиХ…

Во Србија просечната плата е 836 евра месечно, во БиХ е 710, Црна Гора 861 евро.

Во земјите членки на ЕУ од регионот, како што се Хрватска и Словенија таа изнесува 1324, односно 1495 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика просечната плата за август изнесува 41.097 денари и е помала дури од онаа во мај – 41.252 денари, а е речиси иста со платата во април, која изнесуваше 41.085.

Она што загрижува е тоа што цените постојано растат, додека пак просечната плата се намалува.

И додека Владата најавува дека платите ќе се зголемат идната година, стотици илјадници граѓани едвај врзуваат крај со крај

Можете да прочитате

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен