Утрински Весник
Скопје

Отстранети диви депонии во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров

Zatvor Depositphotos 1 1 1.jpg

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров.

Интервенирано е на булеварот Александар Македонски, како и на улиците Џон Кенеди и Крсте Асенов во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје вчера расчисти и две помали диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров, лоцирани на улицата Никола Парапунов, каде што се отстранети 15 кубни метри отпад.

Екипите на Претпријатието имаа активности за расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“, при што се подигнати 20 кубни метри претежно кабаст отпад.

Расчистени се и приближно 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа одложен на јавни и сообраќајни површини во непосредна близина на Зегин на скопски Бит Пазар, како и на повеќе локации во населбата Кисела Вода.

Можете да прочитате

Скопје на седмо место по загаденост во светот

Kамерите на „Сејф сити“ ќе казнуваат од јануари

Современи дизјанери ќе изложуваат уникатни дела на Дизајн маркет во „Јавна соба“