Утрински Весник
Македонија

Пронајдено телото на скопјанецот кој скокна од чамец по веслата во Преспанското езеро

Image 2026 08 12 135333197.png

На 11.08.2026 во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај с.Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале.

Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница