
Долговите на Американците на кредитни картички достигнаа 1,26 билиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 билиони долари регистрирани на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк.
Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го припишуваат растот на високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни производи, јави Еј-Би-уСи.
Бројот на домаќинства кои доцнат со плаќањата расте.
Бројот на лица чиј долг не е платен повеќе од 90 дена во средината на 2022 година бил 7,8 отсто, а на почетокот од годинава е 12,8 отсто.
Вкупниот долг на домаќинствата во САД достигна 18,8 билиони долари. Најголемиот дел го сочинуваат хипотеки – 13,12 билиони долари, авто кредити – 1,71 билиони долари, нов рекорд, по што следуваат студентски долгови – 1,65 билиони долари и кредитни картички.


