Утрински Весник
Македонија

Пронајдени дрога и пиштол во тетовско, уапсени четири лица

1 9.jpg

На 28.08.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица.

Имено, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано „Рон Скура” во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми.

При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесено соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Можете да прочитате

Реакција од СДСМ на интервју на премиерот Мицкоси

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути

Сончево со локална облачност – 24info.mk