Утрински Весник
Македонија

Пронајден крадец од Ранковце, украл седум кубни метри огревно дрво

Пронајден крадец од Ранковце, украл седум кубни метри огревно дрво

Вчера во 12.00 часот во Полициското одделение Ранковце бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од с.Ранковце. Тој се сомничи дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу с.Герман и с.Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и Полициското одделение Ранковце дрвата биле пронајдени на две локации во селата Отошница и Радибуш и биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против С.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Обид за палење дуќан во скопски Центар

Осум лица возеле без да имаат положено, полицијата ги уапси

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА