Утрински Весник
Македонија

Запален службениот автомобил што го користел заменик-директорот на Државна лотарија

Pozar kola vozilo .jpg

Службено возило во сопственост на Државна лотарија на Македонија, кое го користел заменик-генералниот директор Ахмет Мифтари, ноќеска било зафатено од пожар на улицата „Крсте Асенов“ во Скопје.

Како што објави „Фокус“, станува збор за патничко возило од марката „бејџинг бејч“, кое било опожарено во раните утрински часови.


Од Министерството за внатрешни работи потврдиле дека случајот бил пријавен во 2:12 часот по полноќ, по што биле преземени мерки за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот.

„На 13.10.2026 во 02:12 во СВР Скопје М.А.(42) од Скопје пријави дека на ул. ‘Крсте Асенов’ во Скопје било опожарено патничко возило ‘бејџинг бејч’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Државна лотарија на Македонија, кое тој претходно го управувал. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита“, соопштиле од МВР за „Фокус“.

На местото на настанот интервенирале екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита, кои успеале да го изгаснат пожарот.

Засега нема официјални информации за причините поради кои возилото било зафатено од огнот, ниту дали станува збор за намерно предизвикан пожар или за друга причина.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Не се соопштени дополнителни детали за материјалната штета предизвикана од пожарот.

Истрагата треба да утврди како избувнал пожарот на службеното возило што го користел заменик-генералниот директор на Државна лотарија, Ахмет Мифтари.

Можете да прочитате

Жена од Дебар лажно пријавила дека била ограбена

Солидарниот фонд – од пензионерска самопомош до систем со многу отворени прашања

Бугарскиот европратеник Ковачев до Македонија: Немате основа да се жалите за случајот со Ива Михаилова