Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со пораст на дневните температури

Skopje.webp.webp

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Дневната температура од денеска се очекува на повеќе места да биде за 3 до 5 степени повисока. Врнежи од дожд се најавени во четврток, пообилни за време на претстојниот викенд.

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку ден ќе биде променливо облачно, на планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд што ќе преминува во слаб снег. Попладне се очекува да има сончеви периоди и да дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 6 до 12 степени.


Според синоптичарите, во Скопје наутро ќе има со услови за магла, а преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено попладне и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да се спушти до 2, а максималната да достигне до 12 степени.

Можете да прочитате

Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание

Филков: Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата

Возач на мотоцикл повреден во сообраќајка кај Јурумлери