Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер

Dozd.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, ќе биде променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница