Утрински Весник
Свет

ЕУ и Мексико потпишаа нов трговски договор за намалување на царините

Port.webp.webp

Мексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат светските новински агенции.

Преговорите за обновување на претходниот договор започнаа уште во мај 2016 година, но начелниот договор за трговските аспекти постигнат во 2018 година никогаш не беше ратификуван.


Потпишувањето на новиот договор се одржа на официјална церемонија во мексиканскиот главен град, во присуство на мексиканската претседателка Клаудија Шинбаум и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на Осмиот самит Мексико – ЕУ.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа