Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно, на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд

Vreme 8.webp.webp

Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер – над 60 километри на час и услови за појава на град.


Во понеделник се очекуваат изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница