Утрински Весник
Македонија

Приведени дилери на дрога при контрола на објект за игри

Приведени дилери на дрога при контрола на објект за игри

Полицијата ноќеска привела двајца дилери на дрога, при контрола во објект за игри во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, се работи за Д.У.(25) и М.Б.(25), двајцата од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција извршиле контрола во објект за игри на ул.„Аугуст Цесарец“, сопственост на Д.У., каде М.Б. бил вработен. Притоа, биле пронајдени и одземени ранец со марихуана, повеќе ќесички со марихуана, таблета, две дробилки и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова