Утрински Весник
Македонија

Приведени 16 возачи, девет возеле без положен возачки испит

Policzija.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија