Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од Струмица баран по потерница

Lisici2.webp.webp

На 14.08.2024 околу 09.00 часот на локалниот пат во с.Добрашинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Е.(25) од Струмица. Тој, управувајќи патничко возило „цитроен”, сопственост на такси компанија, кое претходно го одзел во Струмица, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Подоцна, при проверка во оперативната евиденција, било констатирано дека М.Е. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната .

Можете да прочитате

Санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

ЛДП со четири итни предлози од ЛДП за борба против канцерот кај жените

Брвеница в недела избира градоначалник: Радичевски и Јахији во вториот круг