Утрински Весник
Свет

Принцот Хари се плаши за децата на својот брат

Принцот Хари се плаши за децата на својот брат

Принцот Хари е загрижен дека историјата може да се повтори кога станува збор за ривалството меѓу браќата и сестрите во кралското семејство.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за британски Телеграф, војводата од Сасекс рече дека е загрижен за децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и за тоа што динамиката на наследник и „резерва“ може да значи за нив во иднина.

Принцот и принцезата од Велс имаат три деца: принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (7) и принцот Луис (4).

– Иако јас и Вилијам разговаравме за тоа еднаш или двапати, а тој јасно ми стави до знаење дека неговите деца не се моја одговорност, сепак чувствувам одговорност знаејќи дека од тие три деца, барем едно ќе заврши како мене, како „резервна копија“. И тоа ме боли, ме загрижува“, изјави Хари.

Во своите мемоари, објавени претходно овој месец, Хари опиша како етикетите на наследник и резерва, кои го обележаа растењето на Вилијам и Хари, имаа штетно влијание врз нивната врска, пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

Јордански министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“