Утрински Весник
Спорт

Барса лесно се справи со Реал за титулата од шпанскиот Суперкуп

Барса лесно се справи со Реал за титулата од шпанскиот Суперкуп
300x250 (7)

Барселона, далеку полеку од очекувањата стигна до 3:1 победа над Реал Мадрид во нова страница од историјата на „Ел класико“ за по 14-ти пат да ја освои титулата од шпанскиот Суперкуп во финалето во Ријад, Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

Со оваа победа, каталонскиот клуб ја потврди доминацијата во натпреварувањето воведено во 1982 година, со 14-та титула, оставајќи го Реал Мадрид на 12 титули, додека далеку зад нив се Атлетик Билбао и Депортиво Ла Коруња со по три титули.

Ss1

Иако на двата лути ривали им беа потребни продолженија и пенали во полуфиналните мечеви во Саудиска Арабија, Барселона од стартот изгледаше посвежа и порасположена за игра, што резултираше со голот на Гави по асистенција на Роберт Левандовски во 33. минута, за во 45. минута ситуацијата да биде обратна – Гави да му асистира на Левандовски за 2:0. Наместо обид за камбек на „кралевите“ во второто полувреме, Барселона го реши победникот со голот на Педри во 69. минута, пред Карим Бензема да постигне утешителен гол во 92. минута од мечот.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал