Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари останува во брак со Меган само поради децата, тврдат кралски извори

Принцот Хари останува во брак со Меган само поради децата, тврдат кралски извори

Додека се шират гласините дека принцот Хари, наводно, се консултирал со адвокати за развод пред неколку месеци, поранешниот батлер на принцезата Дијана, Пол Бурел додаде масло на огнот по неодамнешното интервју за ГБ Њуз.

dobivaj vesti na viber

Бурел, кој беше долгогодишен доверлив човек на покојната принцеза Дијана, откри дека војводата од Сасекс останува во брак поради своите две деца.

„Дали јас сум единствениот човек во Обединетото Кралство кој размислува: дали Хари конечно се разбуди со вистината? Дали конечно ја виде вистината за она што го прави неговата сопруга и дека е со испран мозок и маѓепсан од нејзината убавина или така нешто?“

„Затоа што сите тоа го знаеме, но тој тоа не го гледа,“ изјави Бурел за ГБ Њуз.

Војводата и војвотката од Сасекс се венчаа во 2018 година и се преселија во САД за да избегаат од таблоидите.

По објавувањето на своите мемоари Spare („Резерва“), британската јавност негодуваше за откритијата на Хари и заладените односи со неговиот татко и брат.

Бурел потенцира дека луѓето ќе го пречекаат Хари „со раширени раце“ кога ќе се врати во Обединетото Кралство, по можност без Меган.

„Постои елемент на Хари кој сите го сакаме. Едноставно не разбираме зошто го прави тоа што го прави во моментов“, додаде Бурел.

Хари и Меган пред неколку недели ја прославија својата петта годишнина од бракот без никакви објави на социјалните мрежи.

Ова се случи откако Хари беше принуден да негира дека има луксузна хотелска соба што наводно ја користи за да биде сам во близина на својата куќа во Калифорнија.

Писателката лејди Колин Кембел, исто така, тврди дека Хари повикал адвокати пред неколку месеци, откако тој и Меган наводно имале проблеми во бракот.

„Наводно веќе некое време има проблеми во бракот. Слушнав од пет сосема сигурни извори дека Хари ги повикал адвокатите пред неколку месеци,“ изјави таа за ГБ Њуз.

Можете да прочитате

Селин Дион со историски настап ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема