Утрински Весник
Спорт

Шампионот со Торонто ги презеде Филаделфија ’76

Шампионот со Торонто ги презеде Филаделфија ’76

Филаделфија Севентисиксерс имаат нов тренер, тоа е Ник Нурс, НБА шампион со Торонто Репторс во 2019 година. Нурс во 2020 година беше прогласен за најдобра тренер во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Нурс (55) ќе го замени Док Риверс на клупата на тимот од Пенсилванија. Риверс доби отказ откако беше елиминиран во полуфиналето на плејофот на Источната конференција од Бостон со 4-3, иако Сиксерси водеа со 3-2.

Во април, по поразот од Чикаго на плеј-ин турнирот, Нурс го напушти Торонто, каде што помина цела деценија како помошник (2013-2018) и прв тренер.

Интересно е што Американецот во 1998 година работеше во Остенде во Белгија, а потоа осум години, со мал излет во Оклахома Сторм, работеше во англиските клубови Манчестер Џајантс, Лондон Тауерс и Брајтон Берс.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка