Утрински Весник
Свет

Јамајка ќе поднесе барање до кралот Чарлс за репарации поради ропството

20260423211437 big 730x400 88.webp.webp

Владата на Јамајка ќе му поднесе петиција на британскиот крал Чарлс в понеделник во врска со репарации за ропство, изјави денеска министерката за култура на земјата, Оливија Грејнџ.

Со петицијата од кралот, кој е и шеф на државата Јамајка, се бара до Судскиот комитет на Тајниот совет, највисокиот суд на земјата, да упати три прашања – дали поробувањето Африканци во Јамајка било законско според англиското право, дали со тоа било прекршено меѓународното право и дали Британија денес има правна обврска да обезбеди отштета.

Грејнџ нагласи дека петицијата сама по себе не претставува барање за исплата на пари, туку дека следните чекори ќе бидат утврдени по добивањето одговори на правните прашања.

Бакингемската палата соопшти дека соработува со генералниот гувернер на Јамајка за петицијата да биде правилно поднесена.

Ропството во поголемиот дел од Британската Империја било укинато во 1833 година, по што британската влада им исплатила отштета на сопствениците на робови.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите