Утрински Весник
Македонија

Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан

20240905153458 Big 730x400 38.webp.webp

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го прими министерот за надворешни работина Република Туркије, Хакан Фидан, кој престојува во посета на Северна Македонија.

На средбата присуствуваа и генералната секретарка, Марина Димовска, и членови од Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со турскиот Парламент, чиј претседател е пратеникот Бејџан Иљас.

Претседателот Гаши притоа истакна дека Северна Македонија и Турција негуваат силно традиционално партнерство и пријателство. Нашите две земји, рече тој, одлично соработуваат во рамки на НАТО, а потпишан е и Протокол за соработка во делот на европските интеграции.

Гаши потсети и на одличната економска соработка, нагласувајќи го фактот дека Туркије постојано е меѓу нашите најзначајни трговски партнери. Во тој контекст, претседателот истакна дека нашиот интерес за унапредување на економската соработка и поттикнување турски инвестиции во земјава го потврдивме со испраќање на економски промотор во Туркије, а во таа насока работи и Стопанската комора на РСМ–РТ, МАТТО.

Претседателот на Собранието упати и лична благодарност до министерот Фидан за неговиот придонес како еден од промоторите на активностите во земјава на Агенцијата на Република Туркије за соработка и координација – ТИКА, која подолго време е ангажирана во Северна Македонија и има реализирано бројни проекти во културата, здравството, образованието, земјоделството и слично.

Соговорниците се согласија дека двете држави ги поврзуваат историски и културни врски, а граѓаните од турската заедница во земјава и граѓаните кои се иселени од тука и живеат во Република Туркије се мост за унапредување на односите.

На средбата, беше истакната и плодната и успешна соработка на ниво на парламенти. Во таа насока, претседателот Гаши ја најави својата посета на Анкара и средбата со својот турски колега следниот месец.

Можете да прочитате

Откако загинаа татко и син, запрени градежните работи на патот Скопје-Куманово

Скопјанец ја нападнал сопругата, ама таа му вратила со тврд предмет

Измама тешка 160 000 денари: Уапсени тетовчани поради фалсификување на медицински извештаи