Утрински Весник
Македонија

Марјан Стефановски избран за нов директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

Image 214700.jpg

На денешната седница на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски беше избран за нов директор на ова претпријатие. Во соопштението се истакнува дека Стефановски е искусен кадар со долгогодишно искуство во претпријатието, вклучувајќи и раководни позиции.

Стефановски доаѓа на оваа позиција со јасен план за реформи и развој на претпријатието, со цел да се постигнат високи резултати и успеси. Како прв чекор, тој одлучи да се откаже од службеното возило за дневни потреби во Скопје и од службената платежна картичка. Исто така, планира да ги сведе сите непродуктивни трошоци на нула.

„Ова претпријатие има огромен потенцијал да креира вредности и да диктира текови, да создава за доброто на државата и граѓаните. Планирам сериозни проекти, но и кратења. Ќе работиме ефикасно, одговорно, посветено и транспарентно, имаме високи амбиции. Сакам да бидеме пример за успешно работење,“ изјави Стефановски.

АДИССДП, или популарно ПУИГ, е претпријатие кое располага со недвижности, станбен и деловен простор во државна сопственост на територијата на Македонија и во странство.

Можете да прочитате

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат