Утрински Весник
Македонија

Министерството за животна средина ќе ги плаќа работниците во „Југохром“

Министерството за животна средина ќе ги плаќа работниците во „Југохром“
300x250 (7)

Пречистителната станица во „Југохром“ мора да биде во функција. Трошоците за нејзино функционирање ги покриваме од буџетот, изјави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, за време на средбата со вработените на пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром во „Југохром Алзар“ ДООЕЛ Јегуновце – во стечај.

dobivaj vesti na viber

Состанокот беше инициран од страна на вработените од „Југохром“ – во стечај поради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна заштитна опрема.

300x250 (7)

Пречистителната станица е објект под сопственост на „Југохром Алзар“ ДООЕЛ Јегуновце, а луѓето што се грижат за нејзиното функционирање се вработени во компанијата. Од причина што оваа инсталација моментно е под стечај и не работи, а прочистувањето на водите што се излеваат од депонијата е од витално значење за заштитата на животната средина и подземните води од шествалентниот хром, Министерството за животна средина и просторно планирање ја презеде обврската да ги плаќа надоместоците за месечните плати на луѓето што оперираат со пречистителната станица, како и за хемикалиите што треба да се набавуваат, односно трошоците за одржување на пречистителната станица.

На состанокот министерката информира дека за барањата на вработените веќе е разговарано со стечајниот управител и тие ќе бидат исполнети со новиот договор што ќе го потпише МЖСПП со стечајниот управител, односно ќе се обезбеди редовно исплаќање на платите, решен е проблемот со здравственото осигурување, а Министерството ќе направен напор да ја обезбеди заштитната опрема за вработените. Според Шукова, свесни за важноста на работата на пречистителната станица, останува да се следи состојбата со стечајната постапка, од која ќе зависи иднината на вработените.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби