Утрински Весник
Македонија

Пожари во Гевгелија и штипско Караорман

Pozhar 2.webp.webp

Изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал два пожара на отворено, кои биле изгаснати од страна на противпожарните екипи.

На запалена ниска вегетација на влезот во Гевгелија било интервенирано синоќа од 18 до 18.50 часот од тим од тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Запалена ниска вегетација горела и во штипското село Караорман. Од 17.45 до 19 часот, огнот го гаснеле седуммина пожарникари со три противпожарни возила.

ЦУК регистрирал вкупно 2.053 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, изминатите 24 часа. Како реални биле категоризирани 53,29 проценти од повиците.

– Кон полицијата биле упатени 56,64 отсто, кон Итната медицинска помош – 27,73 проценти, а кон пожарникарите – 2,06 отсто, од реалните повици, се наведува во соопштението.

Од ЦУК додаваат и дека за денеска во Скопската котлина, има најава за прскање против комарци, авионско и од земја. Во општините Битола и Новаци, предвидено е прскање против комарци и денеска и утре.

– Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна