Утрински Весник
Македонија

Љутков од Велес: Фолклорот нè идентификува и нè поврзува со светот

Iff Veles 2024 2.jpg

Во  Младинскиот парк во Велес, вчеравечер свечено беше отворено 19. издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2024″.

Во присуство на многубројни гости, Фестивалот за отворен го прогласи министерот Зоран Љутков, кој изрази задоволство што низ годините овој фестивал прерасна во вистински репрезент на фолклорната традиција на народите од повеќе држави во светот, потенцирајќи дека Министерството за култура и туризам останува отворено за поддршка на сите проекти што ја афирмираат културната традиција и посебноста на сите чинители.

– Нема ништо поубаво од тоа од генерација на генерација да се пренесува сето она културно наследство што нè идентификува, што нè прави посебни и препознатливи во европскиот, но и во светскиот културен мозаик. Секоја држава, секоја култура е посебна токму поради шаренилото на културните вредности што имаме обврска да ги чуваме, да ги негуваме и да ги пренесеме на идните генерации – рече Љутков.

Преку настапите на младите уметници, како што рече министерот за култура и туризам, ќе се запознаеме со убавината на фолклорната традиција, музиката, песната и сето она што е обележје на земјите од кои доаѓаат, збогатувајќи го на тој начин културното живеење во Велес.

Честитајќи им на организаторите за посветеноста во реализацијата на Фестивалот, Љутков им пожела убав престој во Македонија и во Велес на учесниците, а на посетителите незаборавни мигови со музиката и ората од земјите учеснички. 

Љутков изрази уверување дека Меѓународниот фолклорен фестивал „Велес 2024″ и во иднина ќе биде настан на радост и среќа каде што ќе се создаваат спомени кои ќе останат траен запис во историјата на манифестацијата.

Можете да прочитате

Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

На Клиника за онкологија во Скопје ќе се работи во две смени

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за криумчарење на разна стока