Утрински Весник
Македонија

„Повторно бевме сведоци на македонска прослава на српската окупација“, велат од ВМРО-НП

Ljupco Georgievski Vmro Np 696x365 1.jpg

„Вчера на српските воени гробишта во Битола, а во присуство на македонскиот потпретседател на владата и градончалникот на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со српски старешини и политичари повторно бевме сведоци на македонска прослава на српската окупација овој пат за време на Првата светска војна“, соопшти ВМРО-Народна партија.

„Прославите на нашето најцрно ропство кои изминатите месеци ги гледавме на Кајмакчалан, битката на Брегалница, прославата кај Зебрњак, овој пат се прошируваат и на Битола.

Очигледно празниците од времето кога Македонија била Вардарска Бановина, а македонците, срби, секој месец добиваат свое проширување и надоградување.

Александар Караѓорѓевиќ кој македонските комунисти го нарекуваат „монархофашист“ станува “ослободител на Македонија„ во време кога во С. Македонија владее партија која го носи името на ВМРО.

Затоа ВМРО-Народна партија повторно отворено ја прашува македонската власт, со која историска комисија донесе одлука великосрпската окупација во Македонија да биде прогласена за општа историја, а власта на ВМРО ја прашуваме до кога ќе ја витка кичмата пред оваа брутална негација на македонската историја?!“, соопштуваат од ВМРО-Народна партија.

Можете да прочитате

Во Штип одбележан денот на Вториот пешадиски баталјон

Над 70 отсто од жалбите до Агенцијата за слободен пристап до информации се поради молк на администрацијата

Петровска: Мисајловски излезе од периметарот на САД – Македонија останува без дел од воената помош