Утрински Весник
Свет

Повеќе од 600.000 луѓе се без електрична енергија по руските напади во Украина

20251129105146 big 730x400 28.webp.webp

Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во Украина по руските напади со ракети и беспилотни летала, соопшти украинското Министерство за енергетика.

„Како резултат на нападите, повеќе од 500.000 потрошувачи во Киев и повеќе од 100.000 потрошувачи во неговиот регион останаа утринава без електрична енергија“, наведе Министерството.

Како што беше додадено, речиси 8.000 луѓе во регионот на Харков останаа без електрична енергија. Нападите започнаа синоќа и продолжија утрово.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога