Утрински Весник
Балкан

Потрага по малата Данка: Жените од видеото се бараат со фоторобот

Danka 2.jpg

Виенската полиција најави дека денеска ќе излезе со соопштение во врска со видеото снимено од српски државјанин на кое наводно се гледа девојка која наликува на Данка Илиќ. Тие преку фоторобот ја бараат жената од споменатото видео.

Засега не се знае што ќе биде објавено бидејќи се собираат информации.

-Истрагата е во полн ек. Штом има нови информации, ќе ги соопштиме – велат во официјалниот одговор за „Блиц“ од виенската полиција во врска со истрагата за видеото на девојчето кое наликува на Данка Илиќ (2), која се бара точно 7 дена.
Марко Благојевиќ, амбасадор на Србија во Виена, во „Јутро на Блиц“ истакнал дека се очекува полицијата во Австрија да информира за идентитетот на лицата од видеото, пренесува Блиц.рс.

-Српската дијаспора овде е во голем број, она што е важно е дека ги следат вестите од Србија и важно беше да се информираат за оваа снимка и дека постои можност Данка да е во Австрија. Сега почнаа да го објавуваат медиумите во Австрија, десетици илјади сметки, здруженија, организации… Сите се многу солидарни и се однесуваат многу коректно кога е во прашање известувањето – вели Марко Благојевиќ, амбасадор на Србија во Виена.

Да потсетиме, утринава голем број полицајци се во Бањско поле каде одат од врата до врата и земаат изјави за осомничениот во истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2), која исчезна пред точно 7 дена.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени