Утрински Весник
Македонија

Инцидент на армиска прослава: Ковачки бесно и без основна култура довикуваше по министерката Петровска

Img 20240402 Wa0006.jpg

Денеска се одржа прослава на денот на најголемата борбена единица во Армијата, прва пешадиска бригада во касарна „Страшо Пинџур” во Петровец.

При пристигнувавњето кон централната бина додека министерката се движеше во придружба на началникот на Генералштабот и командантот на Командата за операции, Ковачки кој бил поканет како пратеник довикнал кон министерката: Готова си, одбројани ти се деновите. Остатокот од гостите бурно регираа од останатите гости да не го нарушува свечениот чин со негови политички дофрлања и да не ја понижува Армијата.

Ова е само уште еден од низата на ниски удари кои јавноста ги гледа во изминатиов период од страна на Ковачки кон министерката Петровска.

За потсетување Петровска пред една недела официјално ја доби пресудата за клевета каде Ковачки ја излажа јавноста за некакви хациенди, па можеби ваквиот однос е поради поразот на суд.

На прашање до министерката Петровска од 24инфо таа изјави:

,,Очигледно е дека не може да го скрие беснилото од судската пресуда дека изнесе лаги и клевети против мене, па сега не може да го контролира својот бес и на церемонии на Армијата. Армијата и единицата не заслужуваат ваков однос, треба пред се да има почит према досегашните колеги” вели Петровска.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница