Утрински Весник
Економија

Последни пресметки за цената на парното греење – ќе има ли намалување

Parno.jpg

Компаниите кои се надлежни за парното греење во Скопје се во последни пресметки за нивните оперативни трошоци кои треба да ги достават во Регулаторната комисија за енергетика, која пак треба врз основа на тие податоци да ја креира новата цена на топлинската енерегија во главниот град која ја користат околу 65 илјади домаќинства. На почетокот на годинава компаниите добија солидно намалување на сметките за парно – објави Денар.

Очекувањата се дека и домаќинствата ќе имаат намалување на цената но во колкав процент засега може само да се шпекулира. Последниот збор ќе го има регулаторот.

Полека во Регулаторната комисија за енергетика пристигнуваат пресметките на компаниите формирани од државната ЕСМ кои се специјализирани за топлинска енергија. Засега не се откриваат информациите за граѓаните да не добијат некоја лажна слика за тоа какви ќе им бидат сметките за парно во следните шест месеци.

По намалувањето на цената на парното за компаниите од цели 35 отсто во февруари годинава, граѓаните сега очекуваат таква или слична одлука да има и за домаќинствата.

На почетокот на годинава клучен фактор за ваквата одлука беше предвидувањата за цените на природниот гас дека ќе се намалуваат. Па регулаторот одлучи дека и фирмите заслужуваат одредени бенефиции со оглед на фактот што досега компаниите не беа субвенционирани во оваа неколку годишна криза кога станува збор цената на парното греење.

„Во овој момент корисниците на парно греење имаат субвенционирана цена за околу 20 отсто. Таа субвенција е од страна на државата. Сега одлуката ќе зависи од потрошувачката на природен гас, за жал од средината на декември до средината на јануари ТЕ-ТО не работеше, едноставно не му беше исплатливо. Поради ниските цени на електричната енергија на берзите престана ТЕ-ТО да работи. И во тој период се користеа топланите во Скопје, но факт е дека таа нивната цена е далеку повисока од цената на ТЕ-ТО. Затоа не сакаме да брзаме со прогнози, да ги видиме сите фактори кои влијаат на цената и ќе ја информираме јавноста“, велат од РКЕ.

Информациите кои ги добивме од регулаторот велат дека бројот на корисници на парноо греење расте, лани има нови две илјади корисници кои се приклучени на системот на топлинската енергија, а тој тренд продолжува и годинава.

Претходната грејна сезона скопјани добија одлука за зголемување на цената на парното за нешто над четири отсто. Или пресметката велеше на сметка од 2000 денареи цената се зголеми за околу 100 денари. И тогаш клучна беше цената на природниот гас кој на ланскиот старт на годината имаше високи цени на овој енергенс на берзите, но голема беше и позајмицата на владата на компаниите од овој сектор. Сега работите се променети и сите очекувања се дека веста за цената на парното ќе биде позитивна, односно ќе следни намалување на цената на парното греење.

Можете да прочитате

Лидл почна да се подготвува за изградба на првиот маркет во Скопје

АСО: Вложувањата во неживотни осигурувања достигнаа 90 милиони евра за пет месеци

Интензивирање на економската соработка во фокусот на состанокот во Солун на бизнис делегации од Северна Македонија и Грција