Утрински Весник
Економија

Поскапува бензинот 98, дизелот со иста цена

Benzinska pumpa.jpg

Од ноќеска на полноќ, моторниот бензин Еуросупер БС – 98 ќе поскапи за два денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со ова, новата цена на 98-октанскиот бензин ќе изнесува 85,5 денари за литар. Во меѓувреме, цените на останатите горива остануваат непроменети. Литар Еуросупер БС – 95 и понатаму чини 83 денари, дизелот се продава за 79,5 денари за литар, маслото за горење – 76,5 денари за литар, а мазутот 40,732 денари по килограм.

Можете да прочитате

Немало загадување во случајот „Мазут“, горивото било по сите стандарди

Бакарот станува глобална стратешка инвестиција – Македонија располага со ресурс, но не го користи

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани