Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на сообраќај в недела во Скопје

207 казнети возачи во Скопје

На 21.05.2023 (недела) со почеток во 08.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско – косовска бригада“ до ул.„8 Септември“, како и ул.„Македонско – косовска бригада“, на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди “ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест