Утрински Весник
Балкан

Пронајден мртов исчезнатиот германски турист во близина на грчкиот остров Сими

20260806085658 big 730x400 49.webp.webp

Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција што започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел западно од Сими било пронајдено безживотно тело кое било идентификувано како осмиот исчезнат патник од едрилицата.

Во неделата попладне, како што веќе објави МИА, едрилицата на осумтемина германски туристи била забележана како неконтролирано плови, по што започна спасувачка акција со патролни бродови, брод пловидба за отворено море и хеликоптер Супер Пума.

Беа пронајдени седум од осумте лица, односно двајца успеале сами да допливаат до брегот, еден бил пронајден на брегот од рибарски чамец, а уште четворица биле лоцирани на блискиот брег од патролен чамец на крајбрежната служба.

Потрагата продолжи во море и на копно за пронаоѓање на последниот исчезнат турист, чие тело беше пронајдено вчера.

Можете да прочитате

САД го ратификуваа договорот за заем од 302  милиони долари со Албанија

Во Црна Гора нема да се гради прифатен центар за мигранти од земјите на ЕУ

Хорор во Белград: Пронајдена мртва Русинка во куфер, уапсен турски државјанин