Утрински Весник
Македонија

Ахмети повика на предвремени избори „Ситуацијата во земјава не треба дополнително да се влошува“

Ali Ahmeti.jpg

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се најдоброто решение за земјата, оценувајќи дека е потребно да се промени политичката клима и да не се дозволи состојбата дополнително да се влошува.

Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Ахмети рече дека предвремени избори најверојатно нема да има оваа година, туку следната, но посочи дека неговата партија е подготвена за избори во секое време.

„Треба да се промени климата, сигурно ми се чини дека и најголемата македонска партија сфатила дека работите не одат добро. Треба да се внимава при изборот и да се почитува мнозинството Албанци, а најдобро решение би биле предвремените избори. Ако утре се одржат, ние сме подготвени“, изјави Ахмети.

Тој додаде дека е потребно да се создаде нова политичка атмосфера и да се преземат чекори за спречување на дополнително влошување на ситуацијата во земјата.

Можете да прочитате

Расчистено пукањето од 08 август во тетовско, уапсени три лица

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје, велат од СДСМ

Уапсени малолетници од Скопје, физички нападнале и се обиделе да ограбат 14 годишно дете