Утрински Весник
Македонија

Полициска и Пазарна контрола на лица кои вршат дејност од областа на девизно работење во Куманово, констатирани неправилности

Полицаец прегазен на крстосница во Скопје

Заедничка контрола на полицијата и пазарните инспектори на лица кои вршат дејност од областа на девизно работење на подрачјето на СВР Куманово се реализираше вчера при што беа констатирани низа неправилности.

dobivaj vesti na viber

Од информациите од МВР, во периодот од 10.00 часот до 14.00 часот од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршена е контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење на РСМ.

При контрола на правно лице во Куманово, чиј управител е М.К., утврдено е дека не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари. Кај правното лице како нерезидент на НБРСМ во моментот на контролата во касата за дневен промет се пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути, меѓу кои и: 4,7 милиони денари, 41,4 илјади американски долари, 2,7 илјади евра, 1,1 илјада швајцарски франци, 4,2 илјади бугарски левови и др.

За време на контролата било констатирано дека и правно лице, чиј управител е Д.М. од Куманово, не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а во касата за дневен промет располагало со ефективни домашни и странски пари во голем износ, и тоа: 321,6 илјади денари, 630 евра и 320 американски долари.

Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во износ од 325 евра, 100 американски долари, 4,7 илјади швајцарски франци, 34,5 илјади денари, 4,8 илјади српски динари.

На Градскиот плоштад во Куманово, затекнат е М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење и кај него се пронајдени 30 илјади српски динари, 2,7 илјади бугарски левови, 700 евра, 1,5 илјади швајцарски франци, 162 американски долари и 65,3 илјади денари.

За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица беше известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Патот кон ЕУ гарантира демократски и економски развој, за борбата против корупцијата ни треба и поддршката на САД

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се две страни на еден ист медал и не гледам никаква разлика во нивните ставови

ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди визија и сериозна програма, најавува Муцунски