Утрински Весник
Македонија

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово

Img 1225.jpeg

Двајца државјани на Република Косово се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, откако при полициска контрола во нивното возило биле пронајдени пари во различни валути со вкупна вредност од околу 230.000 евра.

Како што информира МВР, на 3 август 2026 година полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на Република Косово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик.

При преглед на патничко возило „голф“, во кое се превезувале осомничените, биле пронајдени пари во различни валути и апоени – евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти, со вкупна вредност од околу 230.000 евра.

Парите биле одземени, а двете лица биле спроведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп