Утрински Весник
Македонија

Полициска акција во Полог: двајца малолетници фатени како пакуваат дрога

Pretresi na povekje lokacii vo tetovo i gostivar pronajdeni image rotated.jpg

На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од с.Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар.

На 21.08.2026 околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје (ловечки карабини, ловечки пушки, пиштол) и поголема количина муниција.

На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица – Л.С.(19) и двајца 16 – годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода.

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

АА: Владата на ВМРО и ВЛЕН губи 50 милиони евра од ЕУ