Утрински Весник
Македонија

Пијан направил сообраќајка, избегал, преминал на црвено, на крајот нападнал полицајци

Policzija 1.jpg

На 21.08.2026 во 20:00 часот на крстосница од бул.„Киро Глигоров” со бул.„15 Корпус” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(41) од Скопје. Претходно, управувајќи патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, тој учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот.

Исто така, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека поминал на црвено светло, бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни