Утрински Весник
Македонија

Полицијата упадна во градежна фирма во Брвеница: Пронајде 39 нерегистрирани работници од Албанија

Policija 1.webp.webp

Вчера во периодот од 12:00 до 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија- Тетово, извршија акциска контрола во с.Стенче, општина Брвеница, каде правно лице, сопственост на Е.З.М. од Тетово, изведувало градежни активности.

Притоа, на местото при извршување работни задачи се затекнати 39 работници од Албанија на возраст од 20 до 65 години. Тие се приведени затоа што е констатирано дека не биле пријавени како работници односно го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави за нив и за сопственичката на правното лице.


Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница