Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение за битолчанецот кој ја претепа девојката и избега од полициска станица

Ojo bitola.webp.webp

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.

Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.


Обвинетиот во текот на постапката за прибирање докази беше обезбеден со мерка притвор, имајќи ги предвид ризиците тој да се обиде да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. Притоа обвинителството ги ценеше информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Сметајќи дека овие ризици и натаму постојат, јавниот обвинител со поднесеното обвинение му предложи на судот да ја продолжи притворската мерка.

Можете да прочитате

Прилепчанец лишен од слобода, затекнат како врши безправна сеча

Спречен шверц на 470 парчиња козметички производи и додатоци во исхрана

ЛДП Валандово: ПР-спектакл на владата за цели 1.560 метри асфалт и задоцнета грижа за Исар Марвинци