Утрински Весник
Македонија

Поднесена кривична пријава против екс градоначалникот на Дебрца

Ohrid svr policija.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на располагање со недвижен имот на територијата на општина Дебрца кои подлежат на обврска за плаќање данок на имот, како и за нивно реоданочување. Со тоа, пријавениот ја оштетил општина Дебрца во износ од 431. 245 денари.


Можете да прочитате

Велосипедист удрил во пешак во центарот на Скопје

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата 

Драма во Скопје: Мотоциклист удри во полициски мотор и повреди полицаец, кај него пронајдени дрога и над 100 таблети