Утрински Весник
Македонија

Јакимовски на 2 јули треба да почне со издржување на затворската казна

Jakimo.jpg

Основниот кривичен суд Скопје издаде упатен акт со кој Стевчо Јакимовски е упатен на издржување казна затвор во траење од една година.

Според издадениот акт, Јакимовски има обврска да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, кога треба да започне со издржување на казната.


Со издавањето на упатниот акт се активира постапката за спроведување на правосилната пресуда. Тоа значи дека судската одлука влегува во фаза на извршување, во рамки на законски предвидената процедура.

Апелацискиот суд претходно ја потврди првостепената пресуда со која Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење. Во казната треба да се пресмета и времето што го поминал во куќен притвор.

Предметот се однесува на изградбата на административниот објект на Општина Карпош. Јакимовски во изминатиот период ги отфрлаше обвинувањата и тврдеше дека станува збор за политички прогон.Ја

Можете да прочитате

Велосипедист удрил во пешак во центарот на Скопје

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата 

Драма во Скопје: Мотоциклист удри во полициски мотор и повреди полицаец, кај него пронајдени дрога и над 100 таблети