Утрински Весник
Македонија

Почина Снежана Липковска, една од најпознатите македонски спикерки на сите времиња

Screenshot 1.jpg

Порталот „Кукурику“ на својата официјална фејсбук-страна објави дека починала легендарната македонска спикерка Снежана Липковска.

Липковска е доајен на македонското спикерство.


Водеше различни емисии како и централниот Дневник и беше вистинска ѕвезда, добро позната во тогашна Југославија.

Работеше и како новинар, а исто така се занимаваше и со документаристика.

Во 2015 година издаде и книга, збирката новели „Хотелски стории“.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана